20

vesnik br2

Embed Size (px)

DESCRIPTION

1

Citation preview

Page 1: vesnik br2
Page 2: vesnik br2

Издава: САЗ АКСИОС - Скопје

Главен и одговорен уредник: Андреја Заковски - Чомбе

Редакција: Марјан Симеонов

Владимир Крстевски

Јовица Илиев

Снежана Алексовска

Лектор: Зорица Велкова

Рецензент: проф. д-р Драги Митревски

Графичка подготовка и печат: Макстен Графика - Скопје

Декември 2014

Page 3: vesnik br2

Почитувани читатели,

ВОВЕД

Почитувани читатели,еве како што ветивме пред вас се наоѓа вториот број на

студентско археолошко списание “ Археофакти”.Како што ви наведов во првиот број

така и сега целта на ова списание е запознавање и приближување на читателите

кон археологијата во Р.Македонија.Во изработката на овој број со свој прилози

учествуваа студентите кои се подржани од професорите при филозовскиот факултет

(археологија)-Скопје.Се надеваме дека ке ви се допадне и овој број.

Голем поздрав од тимот на студенско археолошко здружение “САЗ” АКСИОС

Скопје

Претседател на САЗ АКСИОС- Скопје

Андреја Заковски-Чомбе

Содржина:

Вовед .............................................................................................................. 31.

Скопско кале-Интервју со магистар Марјан Костовски ................................. 42.

Коколов рид - Виница ....................................................................................... 73.

Екскурзија-Пела и Ајга-Вергина во Грција ..................................................... 124.

Римски Пантеон ............................................................................................. 165.

Вовед 3

Page 4: vesnik br2

Скопско кале – неговото минато и неговата иднина-

Во интервјуто со магистар Марјан Костовски, заменик раководител на проектот „Скопска тврдина – Кале“, одржано кон средината на декември 2014, беа констатирани интересни факти врзани за овој објект, кој низ своите десет фази на постоење, сѐ уште може со восхит да ја продолжи оваа повеќемилениумска приказна. Најстарата фаза на локалитетот, кај Скопско кале, којашто можеме да ја констатираме е од периодот на енеолитот. Всушност, трагите од најраното населување потекнуваат од крајот на енеолитот (четврти милениум пр. н.е). Лоцирани се наоди од раната и средната бронза, но во периодот од доцната бронза има евидентен прекин на животот на населбата, од засега непознати причини. Потоа, повторното има населување во железното време од 7 и 6 век пр. н.е., кое скоро без прекини ќе има континуиран живот низ раната антика, сѐ до 5 век од н.е., кога населбата била напуштена. Кале одново заживува дури во 10 век, како средновековен византиско-словенски град, кој дополнително ќе смени повеќе гарнитури на српски и турски владетели, и ќе нѐ донесе до сегашното време како најнова фаза на постоење...

Локалитетот се наоѓа во центарот на Скопје, крај левиот брег на реката Вардар, на висока тераса во форма на триаголник. Горната страна е зарамнета, а јужната страна стрмно паѓа кон коритото на р. Вардар за околу 45 метри, додека североисточната страна е најниска, па затоа тука се граделе најјаките одбранбени бедеми во сите времиња. Првите истражувања на населбата се изведени во 1953 г. кога биле откриени најстарите траги (полуземјанки, огништа и печки). Подоцна, во 1966 и 1967, се вршени истражувања на повеќе места на теренот, при што се најдени фрагменти на керамички садови од железното време, импортирана сликана керамика, метални предмети, груби садови и трпезна керамика работена на колце.

4 Број2

Page 5: vesnik br2

Во н последователни археолошки истражувања и ископувања, особено од последниве децении, се насобра квантум на наоди и теренски ситуации кои по адекватната конзервација и реставрација, заслужија и свои адекватни поставки. За таа пригода, во поскоро време, под раководство на проф. д-р Драги Митревски, а во координација со Владата на РМ и Министерството за култура, се оствари и можноста да се изградат два помали музеја вклопени во автентичниот амбиент на

Скопското кале. Музеите, како дел од капиталниот проект на Владата на РМ, се градат две години и веќе се во завршна фаза.

изата

Првиот музеј е наменет за праисторискиот период и изграден е врз реконструкциите на бронзенодопската куќа и енеолитската земуница, како и врз делот каде што е сочуван профилот со целосната стратиграфија на калето (висок 7 м), и праисторискиот бедем.

5

Page 6: vesnik br2

Подот на музејот е со стаклена основа, фиксирана на метална конструкција за да се достигне максималниот ефект на опсервација на целата ситуација. До споменатиот стратиграфиски профил ќе бидат поставени табели за периодизација на нивото, а пак до нив ќе бидат поставени одредени наоди (фрагменти од керамика, фигуринки и метални предмети) кои ќе бидат врзани за одредениот период. Во амбиентот на куќата и земуницата ќе бидат поставени утилитарни предмети, но и огништа со печки и питоси до нив, со цел да се долови автентичноста на животот од тоа време. Во највисоката зона ќе бидат поставени наоди од железнодопскиот период и раната антика, завршувајќи ја спиралата на периодичната инсталација. Вториот музеј е изграден врз основата на старата кула, која претходно била руинирана, но со реконструкцијата се изработени две нивоа, и истите се пренаменети за т.н. отомански музеј. Во поставките на овој музеј се планира да се изложи: оружје, монети, садови и разни утилитарни предмети (од бројаници – до ножиња за сунет), секако, со адекватна агенда за презентирање.

Што се однесува до ситуацијата за музејот-црква, т.е. металната конструкција којашто е подигната на местото каде што постоела средновековната христијанска црква на Скопското кале – целиот проект е во состојба на стагнација. Во суштина, единствениот неистражен сектор од комплексот на Кале, е делот каде што до скоро постоеше ресторанот. Напролет – 2015 год. се планираат ископувања и истражувања токму на тој сектор. Дополнително, во истиот период, се планираат и реконструкции на српските ѕидини, и византиската палата. Но, од аспект на процентуално археолошко истражување, Скопско кале во најскоро време ќе биде објект со стопроцентна ескавација и реставрација низ целиот комплекс, подготвен за помасовен туризам, но и за други манифестации.

Изработил, Марјан Симеонов

6 Број2

Page 7: vesnik br2

Коколов Рид се наоѓа на 3 километри североисточно од Виница, на мало

возвишение над реката Сушица. Во непосредна близина на локалитетот, на доминантна позиција над реката Сушица се наоѓа утврдената населба Градиште 2 која датира од железното време. На десниот брег на истата река се наоѓа населба од римскиот период евидентирана како Ѓафурски Лозја, а северозападно од локалитетот Коколов Рид е римската могила Вршник. Помеѓу локалитетите Градиште 2 и Коколов Рид се наоѓа локалитетот Сушица-Бавчи, кој претставува населба и некропола од римско време.

Во правец од југозапад кон североисток откриени се четири тумули кои датираат од железното време. Помеѓу тумулите I и II откриени се и четири римски погребувања. Со истражувачките акции од 1980/81 година за прв пат се започнува со истражување на тумулите. Тогаш бил истражен само сегмент од тумул I. Тој имал пречник од 12 метри и висина од 70 центиметри. Откриен е еден керамички сад – кантарос, како и аморфни камења и делови од камени плочи кои, всушност, се остатоци од гробните конструкциии. Според кантаросот тумулот е датиран во VII в. пр. н.е. Од 2011 до 2014 година се продолжи со истражување на Коколов Рид. Во овој период биле истражени тумулите I, II, III и IV, како и просторот помеѓу тумулот I и II. Во тумул I се откриени четири гроба. Еден гроб се наоѓа на источната страна, на највисокото место на насипот. Останатите три гроба се наоѓаат на јужната страна, радијално поставени кон централниот дел. На најниското ниво на тумулот има прстен од покрупни камења и дијаметар од 8 метри. Внатрешноста е исполнета со цреникава глинеста земја. Гробовите се плитко вкопани во гробна јама заокружена со аморфни камења поплочени со плочести камења со

7

Page 8: vesnik br2

неправилна форма. Покојниците се со пружена положба на телото и покриени со земја врз која се насипани камења. Од движен материјал откриен е голем број на керамика која се среќава и како гробен прилог и надвор од гробовите како ритуална керамика. Се среќаваат голем број рачно работени керамички садови. Во овој тумул се откриени: наочареста бронзена фибула без осмица, две двонавојни л ни фибули со завршеток во форма на врбов лист, биконусна бронзени иста, фр нти од салталеон, бронзена белегзија од тенка бронзена жица со преклопени краеви, две лачни еднонавојни ибули, бронзена бел ја од бронзена лента со прекло ени краеви и брон ен спирален прстен со повеќе авои од тенка жица и две бронзени мониста. Тумулот II има пречник од 9-9,

ач

мон агме

фегзип з

н

5 етри

ија ол

н

м и висина од 1 метар. На западната страна ма кружна конструкци од камења исп нета со

црвеникава глинеста земја. Во централниот дел на оваа ко струкција е откриена урна во чија близина се расфрлани ситни коски. На југоисток од оваа конструкција откриен е гроб со инхумиран покојник и бокал од груба рачно изработена керамика. Тумулот III се издвојува од другите тумули по тоа што, во него, за прв пат на територијата на Р Македонија е откриен гроб со скелетно погребување, заедно со две длабоки чинии, два пехари и едно грне од периодот на раното бронзено време, односно од втората половина на третиот милениум пр. н.е. Тумул IV е насип од речни и аморфни камења измешани со кафеава земја направен врз основа од црвеникава глинеста земја. Откриени се фрагменти од група рачно работена керамика и метален предмет од многу кородирано железо. Откриена е и кружна конструкција од камења со ритуално кршена керамика во внатрешноста.

8 Број2

Page 9: vesnik br2

Меѓу тумулите I и II под хумусниот слој откриени се четири погребувања од римскиот период. Гробот I е кружна јама со дијаметар од 1 метар и датира од крајот на II век. Покојникот со гробните прилози се поставени на дното. Откриени се фрагменти од стаклен сад и бронзена фибула, како и бронзена монета од Фаустина II. Гробот II е кружна јама со неправилна форма. Откриени се кремиран покојник како и секундарно приложени гробни прилози: фрагмент од жртвеник и калотеста чинија со рамен обод и прстенесто дно. Гробот III е кружна јама, плитко вкопана во карпа, со дијаметар од 1 метар. Остатоците од покојникот и гробните прилози се поставени на дното. Откриени се бронзена фибула, фрагменти од стомак и лентеста рачка од сад, керамички жртвеник и бронзена монета од Фаустина II. Гробот IV е правоаголна јама вкопана во карпа со димензии 2,20 х 0,85 х 0,30 метри. Ѕидовите се сиво запечени, оградени со кршен камен, а јамата е покриена со 5 хоризонтално поставени тегули. Во земјата која ја исполнува јамата има голема количина на гареж, пепел и кремирани коски. Во овој гроб се откриени: бронзена монета, фрагменти од жртвеник, бронзена белегзија, две фрагментирани светилки, унгвентариум, фрагменти од балсамариум, железни клинци, фрагменти од чинија, рачка, обод и дно.

9

Page 10: vesnik br2

Тоа што може да се издвои од најновите истражувањата од 2014 год. е светилиштето од бронзеното време откриено под првиот тумул, кое било култно место, каде што биле вршени обреди со приготвување и принесување на храна во керамички садови, кои се среќаваат врз и околу кружно изделканата карпа. Освен на локалитетот Коколов Рид вакво светилиште од бронзено време може да видиме и на локалитетот Градиште, с.Пелинце кај Куманово. Според резултатите од истражувањата на некрополата „Коколов Рид“ можеме да заклучиме дека се работи за некропола која била користена во периодот од раното бронзено време, преку полното железното време со погребување – инхумација под тумули и подоцна, во римскиот период, со погребувања со кремација. Благодарност до музеј Виница и директорката Јулијана Иванова

Изработил, Јовица Илиев

Снежана Алексовска

10 Број2

Page 11: vesnik br2

11

Page 12: vesnik br2

a –

Покрај многубројните екскурзии и посети на археолошки локалитети во Р Македонија, на почетокот на оваа учебна година, Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет од Скопје, организира стручно-научна екскурзија за студентите. Како и многу други, така и оваа екскурзија беше организирана и реализирана од професорите проф. д-р Марјан Јованов и доц. д-р Антонио Јакимовски. Секогаш кога, низ предавањата, ќе се споменеа овие два локалитета, некогашни престолнини на Античките Македонци прашањата за нив беа безбројни. Така, целта на оваа екскурзија беше студентите и останати колеги да ги посетат и видат локалитетите и нивните музеи.

Вообичаено, паркингот на Филозофскиот факултет беше збирното место од коешто во утринските часови се упативме кон соседна Грција. Екскурзијата

12 Број2

Page 13: vesnik br2

требаше да се реализира во еден ден. Автобусот се упати кон првата дестинација од нашата агенда – тоа беше Пела. По неколкучасовното патување, поминување на границата, стигнавме на археолошкиот локалитет Пела, кој е во ссостав на мало населено место. Овој град за прв пат се споменува во пишаните извори од Херодот, Тукидит, Ксенофон потоа од Полибиј и Ливиј. Камен-темелникот на овој град го поставил Архелај Ι со цел да ја замени старата престолнина Ајга. Во антиката Пела бил пристанишен град поврзан со Солонскиот Залив преку пловно заливче. Да спοменам дека овој

град бил родниот град на кралевите Филип ΙΙ и Александар ΙΙΙ Македонски. Бројните уметници што живееле и работеле тука ни оставиле многубројни дела кои денес можеме да ги видиме. Најнапред направивме прошетка низ локалитетот за да ги видиме градбите и остатоците од дотогашните археолошки истражувања. Секако, можевме да видиме како градот е распореден и уреден според Хиподамов план. Низи од паралелни улици кои се пресекуваа под прав агол. Сите улици имаа водовод, одвод и канализација. Потоа следуваше обиколка до палатата на градот, па се упативме кон музејот кој е во состав на локалитетот. За новоизградениот музеј морам да дадам позитивна критика. Едноставно, тој е прекрасен. Постојаната археолошка изложба сведочеше за долгогодишните археолошки истражувања и материјалната култура што ја имале жителите на овој град во антиката. Многубројните мозаични површини, мермерни портрети, монети, керамика и безброј предмети коишто се користеле

13

Page 14: vesnik br2

и го украсувале градот конечно ги видовме. Најголемо внимание кај нас и кај сите посетители на музејот, се разбира, ни привлече привремената археолошка поставка од богатите гробни прилози најдени во гробовите од околината на Пела. Тие датираат од доцниот архајски периот и раниот класичен период. Златото сјаеше пред нашите очи. Многубројните златни маски, шлемови, мечеви, штитови, апликации и керамички садови ни ја кажуваа приказната за големината и богатството на луѓето на коишто овие гробни дарови им биле приложени.

Времето полека изминуваше

така што полека моравме да завршиме со пοсетата и да се упатиме кон автобусот и кон следната дестинација. Следната дестинација беше Ајга-Вергина. По долгогогодишните археолошки истражувања на овој локалитет, од страна на грчкиот археолог Манолис Андроникос, беше откриен гроб за кој се претпоставува дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски. Денес оваа гробница-тумул е прогласена за светско наследство на УНЕСКО. Таа е конзервирана и зачувана е нејзината автентичност. Направена е да биде музеј. Се наоѓа 80 км југозападно од Солун, по долното течение на реката Бистрица. Овој локалитет и гробница се наоѓа во состав на мало населено место кое денес живее од многубројните туристи. Да напоменам дека градот Ајга бил еден од позначајните и поголемите градови во времето на Македонското кралство.

Долг период овој град бил и престолнина на кралството. Но од одредени причини, малку поголемата оддалеченост од морето, зголемената трговија била преместена во градот Пела. Откако стигнавме до гробницата-тумул следуваше посета. Прекрасниот амбиент во внатрешноста беше дополнет со сите гробни прилози пронајдени во гробницата. Професорите накусо се обидоа да нѐ вратат во времето и да раскажат за животот на Античка Македонија. Неколкучасовната прошетка заврши и следуваше кратка пауза во денешното градче. Мирисот на вкусното гиро беше насекаде, па не намами да седнеме во локалите таверни и да пробаме од него. Прекрасниот ручек го надополнивме и со малку узо. Полека паѓаше мракот кој како сакаше да ни каже дека треба да тргнеме кон Македонија. Автобусот се упати кон границата, потоа кон паркингот на Филозофскиот факултет од каде што тргнавме.

14 Број2

Page 15: vesnik br2

За крај да упатиме голема благодарност кон професорите што ни ја овозможија и реализираа оваа екскурзија во Грција.

Изработил, Владимир Крстески

15

Page 16: vesnik br2

1. Вовед

Римјаните биле вешти и ненадминливи архитекти. Имале развиена свест за творење на уметноста во сите домени на човековото живеење. Грандиозноста на градбите, особено јавните, ги надминало сите архитектонски достигнувања од антиката. Храмовите и театрите биле предмет на културно, уметничко, општествено и политичко дејствување. Во почетните фази, античката римска архитектура одразува елементи на архитектонски стилови на Етрурците и Грците. Со текот на времето, стилот станал сѐ помодифициран и ускладен со урбаните барања, а граѓанскиот инженеринг и градежништвото сѐ повеќе се развивале и урабанизирале. Римските градби остануваат загатка за модерниот свет, дури и по повеќе од 2000 години некои од античките римски структури остануваат непроменети, како „Пантенон“ која се наоѓа во деловната област на денешен Рим. Архитектонскиот стил на главниот град во Стариот Рим бил емулиран од другите урбани центри кои биле под римска контрола и влијание, како на пример Верона, Италија, Атина, Грција, Турција, Франција како и многу други локации лоцирани во Либија. Римските градови биле добро испланирани, како и ефикасно и уредно одржувани. Палатите, приватните станови и куќи биле дизајнирани, а градското планирање ги опфаќало различните активности на урбаното население, како и големиот број миграции, трговци и посетители кои поминувале низ нивните градови. Во првиот век пр.н.е. Марко Витривуј Полио го напишал првиот класичен текст кој останал сѐ до ренесансата „Де архитектура“ со најразлични секции кои се занимаваат со урбанистичко планирање, градежни материјали, конструкција на храмови, јавни и приватни згради и хидраулика. Римската архитектура можеби не е толку значајна по својата уметничка вредност колку што е значајна по својата големина и распространетост. Своите почетоци таа ги наоѓа во грчката и етрурската архитектура, веројатно, заради големиот број грчки уметници кои твореле во Рим, додека римските војски го освојувале светот. Но уметноста, вклучувајќи ја и архитектурата, и нејзината улога се измениле значајно кога Рим станал центар на античкиот свет. Римјаните не ја сметале архитектурата за уметност сама по себе. Тие во неа гледале алатка со чија помош ја истакнувале моќта на својата држава. Исто така, со неа, на некој начин, ги одредувале границите на Рим, бидејќи римските државни градби секаде низ империјата морале да изгледаат исто.

2. Римски пантеон

Пантеонот е еден од најсочуваните и највеличествените антички споменици, ремек-дело на римската уметност, сместен на Плоштадот де ла ротонда (Piazza della Rotonda). Пример е на спојот на римската уметност и хеленистичкиот стил, а благодарение на подоцнежните промени, овде се наоѓаат и други стилови. Од почетокот на VII век Пантеонот е претворен во

16 Број2

Page 17: vesnik br2

христијанска црква, што придонело да биде добро сочуван. Пантеонот во Рим (од грч. Πάνθειον = за сите богови) е една од најдобро сочуваните монументални згради од антиката. Изграден е во 125 год. и оттогаш е во постојана употреба. Првобитно бил изграден од Маркус Агрипа, конзул на Рим, во 27 г. пр.н.е., но по уништувањето од пожар, во 80 год., тој бил целосно обновен од императорот Хадријан, во 125 година од новата ера. Со сигурност не се знае дали Пантеонот навистина служел како храм на сите божества или само за некои од нив.

Пантеон Пантеонот е огромна градба, која се состои од влезен правоаголен дел кој се потпира на колонада од столбови, и главен цилиндричен дел покриен со купола. На врвот куполата е отворена, отворот е со дијаметар од 6 м, и кога врне дождот паѓа во храмот. Висината на куполата е 43,3 м исто како и нејзината ширина. Огромната бронзена порта на влезот е оригинална, од античко време. Во своето време, Пантеонот бил импозантна градба, и бил инспирација за градителите во ренесансата од 13-14 век кога за првпат се направени и поголеми градби.

17

Page 18: vesnik br2

↑Рим

Една од причините што Пантеонот не бил уништен, како многу други пагански градби, од страна на христијаните, е што од 7 век до денешен ден функционира како црква. Во него се погребани италијанските кралеви Умберто I и Виторио Емануеле II, како и познатиот сликар од 16 век Рафаел.

Пантеонот е централна градба што значи дека телото му е кружница или геометриски лик во кој може да се нацрта кружница. На тлото гледаме дека градбата се состои од два различни дела, и тоа: голем средишен простор со купола и правоаголен трем, делумно затворен со ѕид, а на процепот расчленет со столбови. Средишниот простор е затворен со ѕид, кој од внатрешната страна е расчленет. Вертикалниот пресек покажува дека ѕидот се состои од две концентрирани обвивки направени од хоризонтално поставени тули помеѓу кои шуплината е исполнета со бетонска смеса од камен. Куполата е конструирана со

18 Број2

Page 19: vesnik br2

три хоризонтални појаси. Внатрешниот простор е единствен, прегледен и статичен. Таквиот карактер на просторот е одреден пред сѐ поради избалансираниот однос на вертикалата и хоризонталата.

3.Заклучок

Рим е уникатен бидејќи во неговите рамки постои независна држава, Ватикан. Ватикан е енклава на Рим и во неа се наоѓа Светата столица, којашто претставува врховна влада на Римската католичка црква. Градот е домаќин на странски амбасади за Италија и Ватикан, иако многу често истиот амбасадор е акредитиран за двете. Римската архитектура низ вековите се развила во голема мера, особено од класичниот и империскиот римски стил до модерната фашистичка архитектура. Рим за краток период бил епицентар на светската класична архитектура, која развивала различни нови форми како што се куполата и сводот. Римскиот стил во 11-тиот , 12-тиот и 13-тиот век, исто така, многу се користел, а воедно градот подоцна станал еден од главните центри на ренесансата и барокната архитектура.

Изработил, Андреја Заковски – Чомбе

19

Page 20: vesnik br2